• среда, 25 декември 2024

Бајден победи во Џорџија, потврди државниот секретар Рафенспергер

Бајден победи во Џорџија, потврди државниот секретар Рафенспергер
Вашингтон, 20 ноември 2020 (МИА) - Државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер официјално ја потврди тесната победа на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден пред актуелниот претседател Доналд Трамп во таа сојузна држава. По рачното пребројување на гласовите, Бајден во Џорџија победи со 12.284 гласови, пренесува Би-Би-Си. Рафенспергер, кој е републиканец, претходно даде две спротивставени изјави за исходот на изборите. Откако рече дека рачното пребројување на гласовите покажа дека Бајден победил во Џорџија, еден час подоцнарече дека резултатите допрва треба да бидат потврдени, наведува Си-Ен-Ен. Бајден е првиот демократски претседателски кандидат што победил во Џорџија од 1992 година. паг/

Остани поврзан