• сабота, 23 ноември 2024

Барселона ќе испрати понуда од 72 милиони евра до Лидс за Рафиња

Барселона ќе испрати понуда од 72 милиони евра до Лидс за Рафиња
Барселона, 11 јули 2022 (МИА) - Барселона е подготвена да плати 72 милиони евра за играчот од средниот ред на Лидс, Рафиња Дијаз, вклучувајќи бонуси, објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Се очекува Лидс да ја прифати понудата на каталонскиот клуб штом ќе биде официјализирана. Забележано е дека за 25-годишниот Бразилец, Барселона е најголемиот сон во кариерата. Рафиња минатата сезона постигна 11 гола и даде три асистенции на 35 натпревари за Лидс во сите натпреварувања. Договорот на играчот од средниот ред со англискиот клуб е до 30 јуни 2024 година. зс/

Остани поврзан