• среда, 25 декември 2024

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната на пицеријата ресторан во Гостивар, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување по информацијата дека вчера девет лица со симптоми за труење со храна се примени во Болницата во Гостивар. 

- Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица. На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, операторите и
потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел, како што велат, спречување на ризици од појава на можно труење со храна.

Во функција е ставена бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22
каде може да се пријави секој сомнеж поврзан со безбедноста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на info@fva.gov.mk.

Вкупно девет лица вчера биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.

Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош.

- Сите се жалеа на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По направените анализи на крвта и прегледите им беше дадена соодветна терапија и се пуштени на домашно лекување, изјави инфектологот Ратко Наумоски. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан