• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

АфД ја именува Алиса Вајдел за своја кандидатка за канцеларка на претстојните избори

АфД ја именува Алиса Вајдел за своја кандидатка за канцеларка на претстојните избори

Берлин, 11 јануари 2025 (МИА) – Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) денеска ја именуваше Алиса Вајдел за своја кандидатка за канцеларка на претстојните парламентарни избори.

Вајдел беше едногласно избрана за кандидатка за канцеларка на партиската конференција во Риеса, Саксонија, без друг кандидат, јави јавниот сервис БР 24.

Вајдел, која е лидерка на партијата и парламентарната група, вети дека Германија повторно ќе купува руски гас од гасоводот „Северен тек“ преку Балтичкото Море. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан