Астон Мартин може да спроведе претсезонски тестови во Бахреин само со еден возач
- Формула 1 тимот на Астон Мартин може да спроведе претсезонски тестови во Бахреин со еден возач, објави „Билд“.
![Астон Мартин може да спроведе претсезонски тестови во Бахреин само со еден возач](https://new.mia.mk/index.php/images/20230221150229_big_730x400_60.webp )
Берлин, 21 февруари 2023 (МИА) – Формула 1 тимот на Астон Мартин може да спроведе претсезонски тестови во Бахреин со еден возач, објави „Билд“.
Ленс Строл се повреди додека возеше велосипед и ќе го пропушти тестирањето. Трките ќе се водат од 23 до 25 февруари во Бахреин.
Сосема веројатна е опцијата во која новајлијата на тимот Фернандо Алонсо сам ќе ги помине сите три тест дена.
Алтернатива е да учествува на тестовите Фелипе Друговиќ, резервниот пилот на тимот. Поканувањето на друг резервист, Стофел Вандорн, е проблематично бидејќи тестирањето се преклопува со Формула Е во Кејп Таун (24 и 25 февруари) зс/
Фото: ЕПА