• сабота, 23 ноември 2024

Артета по победата над Вулвс: Требаше да го решиме натпреварот уште во првото полувреме

Артета по победата над Вулвс: Требаше да го решиме натпреварот уште во првото полувреме

Лондон, 17 август 2024 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сумираше впечатоците по денешната победа над Вулверхемптон во 1. коло од Премиер лигата.

„Топчиите“ славеа со 2:0 со головите на Каи Хаверц во 25. и Букајо Сака во 74. минута.

-Во првото полувреме Арсенал имаше доволно шанси да го заврши натпреварот, но не го сторивме тоа. Генерално, јас сум многу задоволен од играта, но требаше многу порано да ја обезбедиме победата. Што се однесува до нови играчи, фудбалскиот пазар е отворен, па тоа е можно, рече Артета.

Во 2. коло, Арсенал на 24 август ќе и гостува на Астон вила. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан