• среда, 13 ноември 2024

Арсовска: Ќе најдеме решение да ја прославиме Новата година без тоа да го чини градот 250 илјади евра

Арсовска: Ќе најдеме решение да ја прославиме Новата година без тоа да го чини градот 250 илјади евра
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – Градот нема да биде тажен, Нова година ќе се прослави, но на скромен начин без тоа да го чини градот 250 илјади евра, истакна градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа на денешниот брифинг за медиумите потенцира дека не е проблем само цената  предвидена во договорот туку и актуелната енергетска криза. Според неа, во услови кога ситуацијата со енергетската криза е непредвидлива и кога има најави за рестрикции за уличното осветлување, нема потреба од ненаменско трошење пари. -Нема да биде тажен градот, само нема да го чини 250 илјади евра, не значи ни дека ќе нема украсување, само значи дека нема да ги чини граѓанте толку многу пари ненаменско потрошени. Извините, но не е соодветно за лампиони да се даваат толку пари, бурната реакци на скопјани е токлму поради ваквите трошења. Не е само проблемот што е прогласена енергетска криза, не е само тоа што се најавуват рестрикции за уличното осветлување, најголемиот проблем е дали воопшто ќе има струја на улиците за да има улично осветлување, ќе ставиме лампиончиња, па нема да светат, изјави Арсовска. Таа ги посочи како пример општествено одговорните компании кои се откажале од своите реклами за да не трошат, па додаде дека ако и фирмата „ Линк медиа плус“ со која се раскинува договорот за осветлување е општествено одговорна нема да се одлучи на преземање правни лекови. -Во однос на пенали секој си има право на правни лекови без разлика дали е во право или не, но општествено одговорна компанија не би одела против ова раскинување на договорот заради доброто на Скопје. Сигурна сум дека ќе најдеме решение како да си ја прославиме скромно и свечено Новата година, а тоа да не го чини градот 250 илјади евра, порача градоначалничката.свс/са/

Остани поврзан