• четврток, 26 декември 2024

Араухо му се извини на Еспањол

Араухо му се извини на Еспањол
Барселона, 14 февруари 2022 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Роналд Арухо, кој му покажа два прста на противникот, алудирајќи на испаѓање во Втора лига, се извини за своето однесување на синоќешното дерби со Еспањол (2:2). Дваесет и двегодишниот Уругваец, кој беше заменет по првото полувреме, имаше конфликт со Нико Меламед на крајот од натпреварот доби црвен картон по пресметката со дефанзивецот на Барса, Жерар Пике. Меламед се упатуваше кон соблекувалната, Арухо му покажа два прста. - Сакам да им се извинам на сите луѓе на Еспањол за мојот лош гест. Тоа се случи како резултат на тензијата доживеана за време на едно вакво контроверзно дерби. Ги почитувам противниците и клубовите, така што воопшто не сум горд на тоа што се случи, напиша Араухо на Твитер. Еспањол по 24 кола во Ла лига се наоѓа на 13.место со 28 бодови, осум повеќе од Алавес кој се наоѓа во зоната на испаѓање. зс/

Остани поврзан