• понеделник, 02 септември 2024

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина пресудата за случајот „државен удар“

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина пресудата за случајот „државен удар“
Подгорица, 5 февруари 2021 (МИА) - Апелацискиот суд на Црна Гора денеска ја укина првостепената пресуда за случајот познат како „државен удар“. Во првостепената пресуда за наводен „државен удар“ со цел соборување на тогашната власт предводена од актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на изборниот ден во 2016 година, осудени се повеќе лица меѓу кои и лидерите на Демократски фронт Андеија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, како и поранешниот генерал на Жандармеријата на Србија, Братислав Дикиќ. Адвокатот на Дикиќ изјави дека тој денеска ќе го напушти затворот во Спуж. ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан