• среда, 25 декември 2024

Анима Мунди: АХВ да ја исфрли одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија

Анима Мунди: АХВ да ја исфрли одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија

Скопје, 7 март 2024

Нема да дозволиме АХВ да убива кучиња! Бараме АХВ итно да ја измени Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2024 година и исфрли одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија!

-Информираме дека но во ниту една друга наша соседна или ЕУ држава не е задолжително тестирањето на бездомните животни за лишманија, и дека ниту една друга држава не предвидува мандаторна смртна казна на кучињата, освен во Македонија, лулка на безредие и суровост!


-Информираме дека до АХВ, директорот Бабовски, министерот на МЗШВ доставивме барање за итна измена на истата, заедно со прилог од научни истражувања, анализи, факти и препораки од светски научници од областа, образложенија зошто еутаназијата на овие кучиња е неоправдлива, ирационална и штетна од здравствен, етички и економски аспект. Не им е гајле.


-Во повеќе наврати бараме средба на што немаме ниту одговор, иако сме репрезенти на сериозна бројка граѓани кои најостро се противат на ваквата суровост и самоволие. Доколку нема интерес и начин ова прашање да биде решено хумано и конструктивно, нашите барања ќе ги застапуваме пред институцијата, на улица.  


-АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО НЕ ГО КОНСУЛТИРАЛА НИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, НО ГО КОНСУЛТИРАВМЕ НИЕ


Согласно епидемиолошката слика која според Институтот за јавно здравје не е алармантна но бара континуирано следење и држење на заболувањето во фокус и за превенција на истата се бара континуирана координација на хуманото и ветеринарното здравство, нешто што очигледно не е пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство и истото го потврдија од Центарот за јавно здравје.


-Со манипулација дека се постапува во интерес на граѓаните, без притоа да ги инволвирале да речеме институциите од областа на хуманата медицина, директорот Бабовски и АХВ зацртале дека и за 2024 година одлуката ќе подразбира тестирање и убивање на кучиња и така ќе не спасат. Бидејќи тие не ги консултирале ги консултиравме ние при што е констатирано дека состојбата во МК не е алармантна и е потребно само да се следи. Ги прашуваме АХВ по какви препораки се водат и вака одлучуваат по однос на живот на живи битија, кои успешни практики ги следат и практикуваат, кој модел, по примерот на која држава? Кучињата заболени со лишманија не се убиваат ни во ендемски подрачја (Грција, Италија, Шпанија), нема задолжително тестирање ниту во економски стабилната Германија, затоа што е скапо и претставува товар на општините. Ние очигледно пари имаме да фрламе за секакви произволија и каприци. Убивањето никаде не е опција! На сметка на тоа сериозни и одговорни држави и институции се насочени кон превенцијата, а тоа е сузбивање на песочните мушички кои се преносители и кои не бираат дал ќе гризнат човек или животно, а во однос на кучињата најмалку прават разлика дал е животното со или без сопственик. Оваа сурова одлука е бесмислена до толку што АХВ ги убива бездомните кутриња со детектирана инфицираност а се здрави и тогаш кога постои вдомувач за истото куче, но ги поштедува сите сопственички кучиња кои се носители на истата. 


-Ваква небулоза може да произлезе само од суровост и професионален аматеризам кој ние го гледаме во креаторите на политики и носителите на функција во АХВ.


-Доколку не добиеме одговор во најкус рок информираме, термин за состанок, или итно менување на одлуката, најавуваме протест и ред други мерки во однос на АХВ.

Анима Мунди

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Анима Мунди

Остани поврзан