• среда, 25 декември 2024

Андоновски: Создадени 56 нови институции во последниве шест години

Андоновски: Создадени 56 нови институции во последниве шест години

6 февруари 2024

„Лицемерно е да се  нарекуваат Европски фронт, европска Влада и само Европа им е во секој дискурс а во исто време клучната работа која што Европа ја бара од Македонија во делот на реформа во јавна администрација за реорганизација да не се случува. Но затоа во овие 6 години за секој помал проблем или за секој партиски војник имаме нова институција. Не само што не се скратени тие што постоеле туку се создадени 56 нови институции во последниве 6 години од кои 16 се органи на државната управа“, изјави Стефан Андоновски – заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во вечерашното гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

„Она што треба да се направи а го бара и СИГМА, Евопската комисија и меѓународните организации е таа оптимизација и реорганизација, намалување за 10 до 15% од институциите. Поврзување меѓусебно за една надлежност да биде исклучиво во надлежност на една институција. Втората многу значајна работа од таа реформа е целосна дигитализација и автоматизација на процесите со цел сите услуги за граѓаните и бизнисите да бидат достапни со еден клик“, посочи Андоновски.

„Граѓаните, вработените и Европската Унија бараат од нас да имаме брзи, ефикасни и наврмени услуги. Владеење на право низ цела Македонија, подеднакво за секого да важат законите, мерит систем при вработување и унапредување, како и фер систем на плати. За жал никој од овие закони не го решаваат ниту едно од овие прашања. Доколку овие закони стапат на сила ние и понатаму ќе имаме ситуација каде што треба да се трча од шалтер на шалтер за да се извади некој документ. Евентуално да се има контакт во ДУИ или СДСМ за да може побрзо да си ја завршите работата. Само партиски подобните ќе продолжат да добиваат награди или надоместоци, а правото и понатаму да не владее секаде, како во случајот во постапката кон синдикатот во МНАВ итн.“, изјави Стефан Андоновски – заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во вечерашното гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

„На само 97 дена пред избори сакаат да донесат закони кои не ги решаваат горенаведените проблеми. Напротив во законите е предвидено без никаква потреба создавање на  2 нови институции, двајца нови директори, две нови комисии која ќе брои со по 5 и 7 членови со неверојатно високи примања,  а тоа значи службени автомобили, секретарки и најразлични дополнителни трошоци“, дециден е Андоновски.

Тој дополни дека со донесувањето на новите закони би се создала дискриминација во системот на плати и награди затоа што само определен број од вработените во министерствата и во секретаријатите би земале определено покачување од 15%, додека најголемиот дел од администрацијата ќе останат со истата плата. Се предвидува и дискреционо право на министерот да одлучи на кого ќе му даде 30% додаток на плата, без мерливи и објективни критериуми.
Се укинува можноста за трансфер од една во друга институција, со што се овозможува појава за технолошки вишок. Се создава простор за формирање на нови сектори.  Каков што е и случајот во МИОА воспоставени се 6-7 нови сектори и над 20 нови одделенија од 2020 до денес, со цел да се наградат тие што биле подобни.

„За жал овие закони не ги решаваат суштинските проблемите што ги имаат граѓаните. Иако се со Европско знаменце и е кратка процедувата барам да се вратат законите во редовна постапка со цел да имаме можност да направиме соодветни измени на овие закони“, кажа  Андоновски.

 

Стефан Андоновски – дополнителен заменик-министер во Министерство за информатичко општество и администрација

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: Фејсбук на Стефан Андоновски

 

Остани поврзан