• недела, 24 ноември 2024

Андоновски со претставници на Синдикатот на УПОЗ: Целосна инклузивност и транспарентност во процесот на креирање политики

Андоновски со претставници на Синдикатот на УПОЗ: Целосна инклузивност и транспарентност во процесот на креирање политики

Скопје, 2 февруари 2024

Министерот Андоновски на средбата со претставниците на Синдикатот на УПОЗ вети целосна транспарентност и инклузивност во процесот на креирање и спроведување на политиките кои се однесуваат на јавната администрација, правата и обврските на административните службеници како и вработените во јавниот сектор. На средбата и двете страни се согласија дека ситуацијата со одливот на квалитетни, искусни и докажани кадри е алармантна и дека е неопходно итно да се развие и примени соодветен систем кој ќе обезбеди нивно задржување. 

„Законско решение за додатоци на плата кое го предлага Владата остава премногу простор за субјективност и дава дискреционо право на функционерот да одлучи дали некој ќе добие додаток на плата, наместо да имаме дефинирани јасни и мерливи критериуми и индикатори.“

Двете страни се согласија дека заеднички ќе работат на анализа и примена на веќе докажани и успешни решенија од регионот и Европа. Македонија мора повторно да биде лидер во реформите во поширокиот регион, наместо сегашната состојба кога вработените во јавната администрација се на дното споредено со нивните колеги од Балканот.

Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација

_______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан