• петок, 27 декември 2024

Американските авиокомпании бараат помош од 50 милијарди долари

Американските авиокомпании бараат помош од 50 милијарди долари

Вашингтон, 17 март 2020 (МИА) - Американските авиокомпании, кои се погодени од пандемијата со новиот коронавирус, побараа од Владата помош во висина од 50 милијарди долари, што би вклучувал заеми, даночни и други олеснувања.

- На американските авиопревозници потребна им е итна помош бидејќи сегашната состојба не е одржлива, а не се гледа крајот на кризата, порача Здружението на американските авиокомпании „Ерлајнс фор Америка“ (Airlines for America). Американската централна банка ФеД во неделата презеде итна мерка и ја намали основната каматна стапка речиси на нула со цел да се помогне економијата за време на пандемијата со новиот коронавирус. Претходно, американскиот министер за финансии Стивен Мнучин најави помош за малите и средните компании кои се најчувствителни на силното забавување на економијата. ми/

Остани поврзан