• среда, 25 декември 2024

Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата

Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата

Вашингтон, 4 август 2024 (МИА) - Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат акаунтите на нивните деца.

Би-Би-Си го цитира американското Министерство за правда во соопштението дека е пракса оваа социјална мрежа „масовно“ да навлегува во приватноста на децата.

Официјалните лица изјавија дека ТикТок и нејзината матична компанија „Бајт Денс“ (ByteDance) се „повторни престапници“, бидејќи сличен случај беше поднесен и во 2019 година.

ТикТок ги оспорува овие тврдења и наведува дека е „горд“ на своите напори да ги заштити децата.

Кинеската компанија соопшти дека проактивно ги отстранила малолетните корисници и доброволно поставила заштитни мерки, како што се ограничувањата на времето поминато зад екран и дополнителната заштита на приватноста за малолетниците.

Тужбата дополнително го зголемува притисокот врз ТикТок и „Бејт Данс“, кои веќе имаат затегнати односи со американските власти поради законот што се заканува да ја забрани работата на компанијата во САД.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан