• сабота, 16 ноември 2024

Амбасадорот на Црна Гора, Миланиќ во посета на Штип

Амбасадорот на Црна Гора, Миланиќ во посета на Штип

Штип, 15 ноември 2024 (МИА) - Во работна посета на Општина Штип денеска беше амбасадорот на Република Црна Гора во Република Северна Македонија, Зоран Миланиќ, соопштија од кабинетот на штипскиот градоначалник, Иван Јорданов.

Во соопштението се наведува дека градоначалникот на Општина Штип, Јорданов и амбасадорот, Миланиќ разговарале за зајакнување на економската соработка на Општина Штип со Република Црна Гора и можноста за збратимување на Општина Штип со град од Црна Гора. 

-Исто така, градоначалникот Јорданов и амбасадорот Миланиќ имаа средба и со бизнис секторот каде се разменија искуства со стопанствениците кои соработуваат со фирми од Црна Гора. На средбата се покрена и иницијативата за продлабочување на соработката на бизнис секторот помеѓу двете држави и организирање на бизнис форум за интензивирање на таа соработка, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. вдј/дма/

Фото: Општина Штип 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан