• сабота, 27 јули 2024

Ал Хилал ќе плати за Нејмар 150 милиони евра годишно за ПСЖ 100 милиони за трансферот

Ал Хилал ќе плати за Нејмар 150 милиони евра годишно за ПСЖ 100 милиони за трансферот

Париз, 14 август 2023 (МИА) - Нејмар ќе добие шест пати поголема плата во Ал Хилал отколку во Пари Сен-Жермен.

 

Претходно се дозна дека Бразилецот го комплетира трансферот во саудискиот клуб.

 

Според „Sky Sports“, ПСЖ за трансферот ќе добие 100 милиони евра. Самиот Бразилец ќе добива 150 милиони евра годишно - шест пати повеќе отколку во ПСЖ.

 

Новинарот Кавех Солхекол, исто така, забележува дека на некои играчи кои се преселуваат во Саудиска Арабија им било ветено предвремена исплата на 50 % од нивните плати. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан