Алушовски: Грешките во напад не чинеа бодови во Португалија
- Ракометарите на Вардар се враќаат од Португалија без бодови од дуелот со Порто, а како причина за такво нешто, тренерот Стевче Алушовски ги посочи грешките во офанзивниот дел.
![Алушовски: Грешките во напад не чинеа бодови во Португалија](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105195850_big_730x400_37.webp )
Порто, 5 февруари 2021 (МИА) - Ракометарите на Вардар се враќаат од Португалија без бодови од дуелот со Порто, а како причина за такво нешто, тренерот Стевче Алушовски ги посочи грешките во офанзивниот дел.
- Добро го почнавме натпреварот, посебно бевме добри во одбрана. Во нападот имавме проблеми, а грешките што ги направивме во последните 15 минути домаќинот знаеше да ги казни и да ги претвори во победа, истакна Алушовски.
По поразот (27:24) во Португалија, Вардар останува на 8. место во А групата со три бода од шест натпревари, еден помалку од ПИК Сегед и Елверум.
Следната недела 2црвено-црните“ ги очекуваат две гостувања. Прво одат во Париз кај ПСЖ, а потоа продолжуваат за Германија каде треба да му гостуваат на Флензбург. зс/