• петок, 05 декември 2025

Албански државјани извршиле обид за поткуп на граничен премин „Ќафасан“

Албански државјани извршиле обид за поткуп на граничен премин „Ќафасан“

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - Вчера во 12:25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги привеле албанските државјани Д.К.(35) и Е.А.(22).

Како што информираат од МВР, при преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, Д.К. во своите сообраќајни документи ставил пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник. По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.свс/вј/

Фото:МИА архива

Тагови

Остани поврзан