• сабота, 09 ноември 2024

Албанезе ги критикува властите во Хонг Конг за налозите за апсење активисти

Албанезе ги критикува властите во Хонг Конг за налозите за апсење активисти

Канбера, 5 јули 2023 (МИА) - Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска ги критикуваше властите во Хонг Конг за гонење на двајца продемократски активисти кои сега живеат во Австралија.

Лидерот на Хонг Конг Џон Ли, вчера изјави дека осум продемократски активисти кои сега живеат во САД, Велика Британија, Канада и Австралија ќе бидат гонети доживотно бидејќи, како што рече, ја загрозиле националната безбедност.

Албанези рече дека неговата Влада е загрижена и разочарана што Хонг Конг издаде налог за апсење на постојаните жители на Австралија, Кевин Јам и Тед Хуи.

Тој додаде дека не се согласува со Кина во врска со апсењето на австралискиот новинар Ченг Леи, кој допрва треба да ја дознае пресудата по неговото судење во март минатата година под обвинение за загрозување на националната безбедност. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан