Премиерот на Австралија најави парламентарни избори за 3 мај
- По речиси десет години во опозиција, централно-левичарската Лабуристичка партија на Ентони Албанесе дојде на власт во мај 2022 година со тесно мнозинство од 77 од вкупно 151 пратеници во Долниот дом на австралискиот Парламент и 40 од 76 претставници во Сенатот.

Канбера, 28 март 2025 (МИА) - Австралискиот премиер Ентони Албанезе распиша парламентарни избори за 3 мај, а гласањето ќе биде во заднината на несогласувањата за климатските промени, нуклеарната енергија и пазарот за недвижнини.
По речиси десет години во опозиција, централно-левичарската Лабуристичка партија на Ентони Албанезе дојде на власт во мај 2022 година со тесно мнозинство од 77 од вкупно 151 пратеници во Долниот дом на австралискиот Парламент и 40 од 76 претставници во Сенатот.
Лабуристите ја заменија тогашната многу непопуларна конзервативна влада на Скот Морисон.сд/
фото:МИА архива