• недела, 24 ноември 2024

Акција на полицијата и УСКОК во Загреб, меѓу уапсените и директорот на ХРТ

Акција на полицијата и УСКОК во Загреб, меѓу уапсените и директорот на ХРТ

Загреб, 30 јуни 2021 (МИА) - Неколку лица се уапсени утрово во Загреб во акција на полицијата и УСКОК, меѓу кои и генералниот директор на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) Казимир Бачиќ, под сомнение за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација во Загреб, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година, јавуваат хрватските медиуми.

Официјални лица на Државното правобранителство на Република Хрватска (ДОРХ) и Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) утрово во шест часот започнаа истраги во просториите на Градската управа, соопшти Канцеларијата на градоначалникот на Загреб.

Градоначалникот Томислав Томашевиќ преку соопштение порача дека новата Градска управа целосно ја поддржува независната работа на државните институции и дека ќе продолжи да се залага за транспарентност во работата на градската администрација, сите градски канцеларии, компании и институции. Засега за акцијата нема потврда од полицијата и УСКОК, но медиумите наведуваат дека наводно станува збор за сомнение за сторени коруптивни кривични дела, поврзани со работите на поранешната градска администрација во Загреб, пренесува Хина.
„Јутарњи лист“ објави дека станува збор за сомнение за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација и градоначалникот Милан Бандиќ, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година. Казимир Бачиќ, пак, според „Вечерњи лист“, бил уапсен за контроверзен договор што го потпишал со Фабриката за светилки во име на ХРТ. паг/    

Остани поврзан