• сабота, 27 јули 2024

Акција за чистење на муслиманските гробишта во Пехчево

Акција за чистење на муслиманските гробишта во Пехчево
Пехчево, 30 мај 2020 (МИА) - Во Пехчево денеска се спроведе акција за оградување на муслиманските гробишта. Оваа акција, како што информираше Мустафа Дуровски од ЕЛС Пехчево, се спроведува поради заштита на гробиштата од оштетување.
-Во акцијата учествувавме десетина луѓе од Пехчево кои несебично помогнаа да го оградиме делот на гробиштата кој беше изложен на оштетување од страна на домашни животни, поради што одредени гробови беа откорнати. Целата иницијатива финансиски ја поддржа Општина Пехчево, за што целосно му се заблагодаруваме на нашиот градоначалник, истакна Дуровски.
Тој додаде дека ова е пример за соживот меѓу граѓаните од различна верска националност кои живеат во Пехчево.
-Овде не се делиме на верска и друга основа. Во акцијата учествуваа македонци, роми и други граѓани со што покажавме дека и понатаму сме општина за пример на останатите во однос на соживотот во градот, додаде Дуровски.
Според него, акцијата е еден вид одговор на случувањата кои беа проследени од недолични личности, а во насока да се создаде верска нетрпеливост во државата.вс/бт/

Остани поврзан