Акција за чистење на дивите депонии во Битола
- Во текот на денот е спроведена нова акција за чистење на дивите депонии во Битола. Од Општината информираат дека по детектираните критични точки со габаритен смет од страна на локалната самоу
Битола, 15 март 2022 (МИА) - Во текот на денот е спроведена нова акција за чистење на дивите депонии во Битола. Од Општината информираат дека по детектираните критични точки со габаритен смет од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја исчистиле месноста наречена Кркардаш.
- Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои за жал ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња. Координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии, стои во објавата на официјалната Фејсбук страна на Општината. мт/бак/