Акција „Волшебна елка“ на Црвениот крст од Охрид за децата од социјално ранливите семејства
- Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ќе ја спроведе Новогодишната хуманитарна акција „Волшебна елка“ наменета за децата од социјално загрозените семејства.
Охрид, 14 декември 2024 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ќе ја спроведе Новогодишната хуманитарна акција „Волшебна елка“ наменета за децата од социјално загрозените семејства.
Волонтерите на Црвениот крст во „KAM Village“ центарот во Охрид ќе накитат голема Новогодишна елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.
„Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполни новогодишната желба напишана во него“, појаснуваат од Црвениот крст - Охрид.
Акцијата ќе трае 15 до 25 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава закажана за 28 декември кај „Волшебната елка“ во „КАМ Village“ маркетот. аб/цр
фото: плакат