• четврток, 26 декември 2024

Акциска контрола во отпади на подрачје на Битола, Ресен и Прилеп, утврдени неправилности во четири отпади

Акциска контрола во отпади на подрачје на Битола, Ресен и Прилеп, утврдени неправилности во четири отпади

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, во содејство со инспектори од Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за животна средина денеска спровеле акциска контрола во правни субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. При контролата, во Битола биле контролирани три отпади, при што во два од нив биле констатирани неправилности.

- Во Ресен извршена е контрола кај пет правни лица, при што во еден отпад е констатирано дека за дејноста која ја врши нема регистрирано правно лице, а нема ни дозвола за работа со отпад за што ќе биде поведена соодветна постапка, соопштија од МВР.

Во Прилеп, полициските службеници и инспекторите извршиле надзор во два правни субјекти, при што во еден од нив било констатирано дека нема фискален апарат, односно врши само продажба на големо на правни субјекти со фактурирање.

По документирање на случаите, посочуваат од МВР, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. цр/нд/

Фото:МИА

Остани поврзан