• среда, 25 декември 2024

Активни два пожара во Македонски Брод и Студеничани, седум под контрола

Активни два пожара во Македонски Брод и Студеничани, седум под контрола

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Од 46 пожари на отворен простор регистрирани вчера, изгаснати се 37, два се уште се активни и седум се под контрола, информира денеска Центарот за управување со кризи. 

Активни се пожарите во општините  Макдонски Брод и Студеничани. Во Македонски Брод, како што соопшти ЦУК, пожарот е во селата Тажево и Брезница и во Јасен и гори борова шума, а во Студеничани пожарот е во село Батинци кај место викано Дрешница и гори мешана шума.

-Под контрола се во Македонски Брод - с.Слатина (нискостеблеста вегетација); Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, активен е кај с.Брежани, Охрид, додека под контрола е на Демир Хисар (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума); Општина Петровец - с.Градманци – Дивље (ниска вегетација); Општина Дебар - над селата Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (нискостеблеста шума, трње и ниска вегетација); Општина Охрид: Галичица (нискостеблеста вегетација); Општина Пласница - с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади, деградирана шума) и Општина Делчево - Депонија Делчево (ѓубриште), наведува ЦУК во соопштението. 

Од вчера се згаснати 37 пожари на локации кои се на територија во општините Прилеп, Студеничани, Кичево, Сарај, Гази Баба (депонијата Вардариште), Кочани, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Македонски Брод, Крушево (градска депонија), Теарце, Тетово, Арачиново, Кисела Вода, Бутел (во близина на трафостаница на МЕПСО); Петровец, Македонска Каменица, Струмица, Старо Нагоричане, Липково, Куманово, Велес и Чашка. хс/дма/

Фото: Центар за управување со кризи

Остани поврзан