• недела, 24 ноември 2024

Актерот Кевин Спејси ослободен од обвиненијата за сексуални деликти

Актерот Кевин Спејси ослободен од обвиненијата за сексуални деликти

Лондон, 26 јули 2023 (МИА) - Поротата во судот во Лондон денеска го прогласи актерот Кевин Спејси за невин по обвиненијата за сексуално вознемирување врз четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и сексуален напад, поттикнување на лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице на пенетративна сексуална активност, пишуваат британските медиуми. 

Спејси за време на судењето се изјасни за невин, кажувајќи дека не ја искористил својата моќ за да ги одведе неименуваните мажи в кревет. 

Тој ги опиша обвинувањата како „забивање нож в грб“. 

Сите четворица мажи, според законот, имаат право на доживотна анонимност. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан