• среда, 25 декември 2024

АД ЕСМ им оддаде почит на загинатите градители на ХЕС „Маврово“

АД ЕСМ им оддаде почит на загинатите градители на ХЕС „Маврово“

Скопје, 9 февруари 2024

 

Денес се одбележаа 68 години од мавровската снежна трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки животи.

Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите и едноминутно молчење, делегација на АД ЕСМ, Подружница ХЕС „Маврово“, им оддаде почит на загинатите, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово.

Мавровската снежна трагедија, предизвикана од природна временска непогода, се случила ноќта на меѓу 10 и 11 февруари 1956 година, по долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир). Од планината Кораб снежни лавини се урнале врз куќи, бараките на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем и караули, при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив.

Споменикот на градителите близу браната во село Маврови Анови е подигнат во 1970 година, а ја симболизира нивната храброст и пожртвуваност. На спомен плочата се врежани имињата на сите загинати во снежните лавини.

Со почит,

АД Електрани на Северна Македонија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан