• недела, 24 ноември 2024

АД ЕСМ дел од Just Transition Forum 2023

АД ЕСМ дел од Just Transition Forum 2023

Скопје, 5 октомври 2023

Директорката на сектор за правни и општи работи и член на Управниот одбор на АД ЕСМ Душица Сеизовска Јовановиќ, вчера беше дел од Just Transition Forum 2023 кој се одржа во Холидеј Ин во Скопје.

Борбата со климатските промени е на врвот на политичката агенда на Енергетската заедница. Се води процес за декарбонизација преку воспоставување климатски и енергетски цели за 2030 година за Енергетската заедница и нејзините договорни страни.

„Енергетската транзиција за нас не е само тема на дебата, туку со нашите инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија ние покажуваме дека компанијата и државата сериозно работат на постепено поместување на производството од технологии кои загадуваат кон т.н. чисти или зелени технологии“, порача Душица Сеизовска Јовановиќ.

За регионите кои сè уште користат јаглен итно е потребна транзициска стратегија која е добро координирана и одржлива на сите нивоа на управување.

Во панел дискусијата, директорката Душица Сеизовска Јовановиќ дополнително нагласи дека праведната транзиција треба да ја обезбеди иднината на работниците и истата треба да се темели на социјален дијалог помеѓу сите заинтересирани страни, а тоа се владите како креатори на политиките, работниците, синдикатите и работодавците. Со цел да се започне процесот на праведна енергетска транзиција кој ние овде дома се обидуваме да го спроведеме, за почеток во Осломеј, сите учесници треба да се сметаат за носители на одлуки и затоа е многу важно да бидат вклучени во процесот, да се разбираат и да имаат заедничка визија.

Форумот за праведна транзиција претставува дијалог во сите овие области со различни чинители и учесници во државните процеси и локални самоуправи, МФИ, претставници на синдикати, невладини организации, академски граѓани.

 

АД Електрани на Северна Македонија                          

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: АД ЕСМ 

              

Остани поврзан