• четврток, 19 декември 2024

Агенција за филм: Неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје

Агенција за филм: Неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје

Скопје, 30 јуни 2023 (МИА) - Поднесените кривични пријави од страна на продукцијата Банана филм Скопје, кон членовите на Управниот одбор и финансискиот советник на Агенцијата за филм, ги сметаме за притисок врз јавноста и врз институциите во период додека се во тек соодветни постапки пред Јавното обвинителство на РСМ и пред Управата за финансиска полиција по поднесените пријави против продукцијата Банана филм ДООЕЛ Скопје.

Ова е денешната реакција од  Агенцијата за филм на РСМ, во која се подвлекува дека категорично ги отфрлаат како неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје.

- Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“, се вели во пишаната реакција.

Агенцијата за филм на РСМ ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел утврдување на фактичката состојба и заштита на буџетски средства, јавниот интерес и угледот на Агенцијата за филм на РСМ. цр/аа/

Фото: Агенција за филм на РСМ

 

Остани поврзан