• вторник, 03 декември 2024

Агентот на Јовиќ работи на заминување на играчот од Реал, Интер може да го изнајми во зима

Агентот на Јовиќ работи на заминување на играчот од Реал, Интер може да го изнајми во зима
Мадрид, 9 октомври 2021 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, може да го напушти мадридскиот клуб, објави Николо Шира. Според италијанскиот новинар, агентот на 23-годишниот Србин работи на заминување на играчот од Реал Мадрид во зимскиот преоден рок. Во исто време, Интер е заинтересиран да го изнајми фудбалерот во јануари. Во тековната сезона, Јовиќ одигра пет натпревари за Реал Мадрид, на кои оствари една асистенција. Србинот го помина вториот дел од сезоната 2020/21 во Ајнтрахт Франкфурт, постигнувајќи четири гола на 18 натпревари во Бундеслигата. зс/

Остани поврзан