• недела, 28 јули 2024

Австриски туристички автобус падна во канал на германскиот автопат, 18 лица повредени

Австриски туристички автобус падна во канал на германскиот автопат, 18 лица повредени

Хамбург, 5 август 2023 (МИА) - Осумнаесет лица се повредени откако австриски туристички автобус денеска падна во канал на автопат во близина на Хановер, Германија. 

-Лицата се со полесни повреди и пренесени во околните болници, изјави портпаролката на полицијата.

Во автобусот се наоѓале вкупно 19 лица на возраст од 24 до 74 години и едно девет-годишно дете.

Кај возачот на автобусот се води истрага за загрозување на сообраќајот и невнимание.

Автобусот кој доаѓал од Австрија бил на пат кон Норвешка.

Причината за несреќата останува нејасна, иако е извесно дека во несреќата не учествувале други возила.

На лице место се ангажирани полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан