• сабота, 23 ноември 2024

Австриска делегација во посета на општина Куманово

Австриска делегација во посета на општина Куманово

Куманово, 3 април 2024 (МИА) - Австрискиот амбасадор Мартин Памер оствари работна посета во општина Куманово и се сретна со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Покрај општината, амбасадорот и претставници од други институции денеска ја посетија и територијалната противпожарна единица Куманово, информираа од општината.

-Во пријателски разговор, беше нагласена успешно воспоставената комуникација и соработка со претставниците од Австрија, која резултираше со проектни активности од витално значење за граѓаните на Куманово, а се очекува и реализација на нови планови и достигнувања во блиска иднина. Посетата на Општина Куманово, австриската делегација ја искористи за работен состанок со командирот на ТППЕ – Куманово, Деан Илиевски, разгледување на објектот, опремата и условите за работа. Домаќините организираа и посета на НУ Музеј – Куманово, каде беа претставени сегменти од културно – историските вредности на Македонија, велат од Општината.

На работниот состанок присуствуваа секретарот Александар Гелевски, претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, раководителот на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, Донка Петровска и претставници од противпожарната бригада на покраината Тирол, Петер Логер, раководител на делегацијата и проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, заменик командант и експерт од оваа област. ам/сст/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан