• сабота, 23 ноември 2024

АВМУ: Од полноќ изборен молк, престанува медиумското претставување на учесниците во изборната кампања

АВМУ: Од полноќ изборен молк, престанува медиумското претставување на учесниците во изборната кампања

Скопје, 6 мај 2024 (МИА) - Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк за претседателските и за парламентарните избори, кој ќе трае до 19 часот на 8 мај. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

- Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се појаснува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан