• сабота, 27 јули 2024

Авион на грчката компанија „Ејџиан ерлајнс“ за Москва се вратил во Атина

Авион на грчката компанија „Ејџиан ерлајнс“ за Москва се вратил во Атина
Атина, 24 февруари 2022 (МИА) – Авион на „Ејџиан ерлајнс“ што утрово од Атина полетал кон Москва, кусо пред да влезе во рускиот воздушен простор од безбедносни причини добил наредба да се врати назад и се очекува да слета на атинскиот аеродром, соопштија од грчката авиокомпанија, јави дописничката на МИА од Атина. Од „Ејџиан ерлајнс“ објаснуваат дека „од безбедносни причини и поради карактеризацијата на поширокиот регион како регион со висок ризик, авионот од оперативниот центар на компанијата добил наредба да се врати на Атина“. Додаваат дека од 14 февруари за летовите кон Москва го избегнува украинскиот воздушен простор.ср/

Остани поврзан