• четврток, 26 декември 2024

Авиони на НАТО во последните два дена пресретнаа шест руски авиони над Балтичкото Море

Авиони на НАТО во последните два дена пресретнаа шест руски авиони над Балтичкото Море

Рига, 22 септември 2024 (МИА) - Авиони на НАТО пресретнале шест руски авиони над Балтичкото Море во последните два дена, соопшти летонската армија.

Воздухопловните сили на Летонија објавија на платформата „X“ дека се идентификувани руски авиони кои летале без план за летање и со исклучени транспондери меѓу петокот и саботата, пренесува Политико.

Германски авиони „Еурофајтер“ беа распоредени за да ги предупредат руските авиони и да ги придружуваат, се вели во соопштението.

Се додава дека летонскиот воздушен простор не бил нарушен.

Германските воздухопловни сили вчера одделно соопштија дека идентификувале пет руски авиони кои летаат над Балтичкото Море и распоредиле „Еурофајтери“ за да ги следат. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан