• недела, 24 ноември 2024

Абдиу-Халили: Со имплементација на стандардите на ЕУ ќе имаме конкурентно земјоделство на европскиот пазар

Абдиу-Халили: Со имплементација на стандардите на ЕУ ќе имаме конкурентно земјоделство на европскиот пазар

Брисел, 19 октомври 2023 (МИА) - Усогласувањето и имплементацијата на земјоделските стандардите на ЕУ ќе значи повеќе можности за нашите земјоделци, како и развој на модерно и конкурентно земјоделство на единствениот европски пазар, изјави денеска Заменик главниот преговарач на земјава со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу-Халили во завршниот говор пред претставниците на Европската комисија во рамки на билатералниот скрининг за Поглавјето 11 - „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во рамки на скринингот членовите на македонската делегација пред експертите на Европската комисија одржаа над 40 презентации во врска со постојната законска рамка во областа на земјоделството и руралниот развој, интервенциите на земјоделскиот пазар, системите за контрола на квалитетот на земјоделските производи, трговските механизми, спроведување на антикризните мерки, како и многу други аспекти кои го регулираат пласманот на земјоделските производи во земјава.

Во Брисел денеска започна тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 11 - „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“, на кој присуствув

Скринингот почна во понеделникот и требаше да трае до вчера, но поради вооружениот напад во Брисел во понеделникот вечерта, при кој беа убиени двајца шведски државјани, а трет беше ранет, неговото продолжение беше одложено за денеска. 

На првиот ден од скринингот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги претстави најновите законски решенија, постоечката законска рамка, институционалните капацитети, како и можностите и предизвиците со кои се соочуваат македонското земјоделие и руралниот развој.  

Државната секретарка во СЕП, Абдиу-Халили, пак, изрази благодарност до Еврокомисијата за досегашната поддршка во развојот на македонското земјоделство и руралниот развој, нагласувајќи дека земјава е лидер во регионот што се однесува до искористувањето на фондовите од ИПАРД програмата.  

Горди сме што го потпишавме Финансискиот договор за Програмата ИПАРД 3 на почетокот на октомври. Покрај тоа, реализацијата на ИПАРД 2 Програмата е над 98 отсто. Ова ни дава поттик и надеж дека ќе имаме 100-процентна реализација на ИПАРД 3 Програмата, истакна Абдиу-Халили.  

Дел од македонската делегација на овој скрининг се над 40 претставниците од повеќе државни институции кои се дел од работната група за ова поглавје, меѓу кои и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Секретаријатот за европски прашања, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот земјоделски инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државната комисија за спречување на корупцијата.  

Поглавјето 11 опфаќа голем број обврзувачки правила, кои во најголем дел се директно применливи и се однесуваат на нивно ефективно спроведување и контрола од страна на јавната администрација, како неопходен дел од функционирањето на заедничката земјоделска политика на ЕУ.   

Според СЕП, во изминатиот период земјава работеше на транспозиција на релевантното законодавство на ЕУ, како и на зајакнување на административните и оперативни капацитети, при што е усвоена и Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 година, која е во согласност со Заедничката земјоделска политика на ЕУ за периодот 2023 -2027. 

Утре исто така во рамки Кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“, ќе започне  билатералниот скрининг за Поглавјето 33 – „Финансиски и буџетски одредби“. сп/дма/

Фото: СЕП/МИА Архива

Остани поврзан