• среда, 18 декември 2024

АА: Гаши ја обработува интерпелацијата против Илира Даути, застана на страната на „Бранителите“ и „Левица“

АА: Гаши ја обработува интерпелацијата против Илира Даути, застана на страната на „Бранителите“ и „Левица“

16 декември 2024

Нелегитимната коалиција ВЛЕН и претседателот на Собранието Африм Гаши се здружија со Левица против претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, за да го деблокираат законот за „бранители“.

Претседателот на Собранието Гаши ја обработи интерпелацијата што ја покренаа пратениците на Левица против Илире Даути, што значи дека со нејзиното разрешување ќе се избере друг претседател, кој може да не биде од нашите редови и потоа на дневен ред ќе го стави законот за „бранители“ и истото да се обработи понатаму до конечното гласање. ВМРО, СДСМ и Левица имаат доволно гласови и нема друг механизам за блокирање.

Го повикуваме Африм Гаши итно да се повлече од оваа скандалозна акција која нема врска ниту со функцијата претседател на комисијата, ниту со пратеничката Илире Даути, туку со нејзината битка за еднаквост на граѓаните. Го потсетуваме Гаши дека станува збор за битка која пратеничката Илире Даути заедно со нејзините колеги ја разви уште во времето кога таа се бореше за обезбедување државјанство за Албанците, кога дел од коалицијата беше и Африм Гаши. Но, денес, кога пратеничката Даути ја продолжува битката за еднаквост на Албанците, Гаши избра да им се придружи на оние кои и тогаш и денес се борат против Илире Даути и правата на Албанците во Северна Македонија.

Африм Гаши да го следи примерот на пратеничката Илира Даути и како што таа не го стави на дневен ред законот за „бранители“, така и тој да не ја стави на дневен ред интетпелацијата против неа. Во спротивно, ова би било тежок удар за Албанците, овој пат со потпис и печат на пратеник и претседател на Собрание, Албанец.

Алијанса за Албанците

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан