• Thursday, 19 March 2026

Најмалку шест жртви во израелски напади врз Бејрут

Најмалку шест жртви во израелски напади врз Бејрут

Бејрут,18 март 2026 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа, а 24 се повредени рано утринава во изралски напади врз центарот и јужните предградија на Бејрут.

Како што соопшти либанското Министерство за здравство, силна експлозија е регистрирана во областа Башура, која беше цел на израелски напад и минатата недела.

Претходно израелските власти предупредија за нападот.

Цел на нападите биле и објекти во населбата Зокак ал-Блат во центарот на Бејрут, каде и минатата седмица израелската армија ракетираше филијали на финансиската компанија Ал-Кард ал-Хасан, поврзана со Хезболах.

Друг напад е извршен врз централната област Баста, а сведоци укажуваат на серија детонации.

Сите ракетирани и бомбардирани објекти утрово се наоѓаат во непосредна близина на владини згради, а најмногу напади се изврпени во близина на Министерството за финансии и седиштето на претседателот на Владата на Либан.

Денешните изралески напади се случуваат откако претходно во текот на ноќта припадници на Хезболах лансираат десетици ракети кон северниот дел на Израел. аб/јт

фото/ДПА