Јужнокорејската опозиција денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател
- Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија, денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак-су, кој истовремено е и премиер, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Сеул, 26 декември 2024 (МИА) - Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија, денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак-су, кој истовремено е и премиер, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Партијата соопшти дека целта е гласањето за импичмент да се одржи утре.
Претходно, со ваква процедура беше сменет од функцијата претседателот Јун Сук-јеол, кој на 3 декември прогласи воена состојба во земјата, што беше причина за парламентарците да гласаат за негово отстранување. ссм/
фото: ЕПА