• Friday, 27 December 2024

Телефонски разговор Зеленски-Вучиќ

Телефонски разговор Зеленски-Вучиќ

Киев, 26 декември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“.

- Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж за постигнување мир што е можно поскоро, објави Зеленски на X.

- На почетокот на оваа недела ги прифатив акредитивните писма на новиот српски амбасадор. Верувам дека обновената и полноправна работа на српската амбасада на чело со амбасадорот ќе ја подобри нашата соработка, додаде украинскиот претседател. јт/