• Tuesday, 07 January 2025

ЈП Национален парк „Пелистер“ извршија прихрана на дивечот

ЈП Национален парк „Пелистер“ извршија прихрана на дивечот

Битола, 5 јануари 2024 (МИА)-Вработени во ЈП Национален парк „Пелистер“ извршија прихрана на дивечот што живее на планината Баба.

Прихраната се врши поради недостиг од храна во природата, но и заради нашиот хуман однос кон дивечот, изјави за МИА, Иванчо Тошевски, директор на ЈП Национален парк „Пелистер“.

- Прихраната ја вршиме со пченка, пченица, крупна сол и минерали за ситниот дивеч и крупниот дивеч. Стотина килограми сено и зрнеста храна се оставени на повеќе локации за прихранување на ситниот прелетен и крупен дивеч, бидејќи од голем интерес за националениот парк е заштитата  во сите региони на територијата на паркот. Храната ја поставија нашите вработени и е на новите хранилки изработени од нашето јавно претпријатие, посочи Тошевски.

Во текот на минатиот месец на платото „Копанки“ и „Марково копито“ поставивме 12 клупи за посетители на паркот, потсети Тошевски. мт/вг/

Фото: МИА