Бадникова поворка во Велес
- Деца во Велес денеска го најавија Христовото раѓање пеејќи ја „Вечниот Бог“.
Велес, 6 јануари 2025 (МИА) - Деца во Велес денеска го најавија Христовото раѓање пеејќи ја „Вечниот Бог“.
Бадниковата поворка тргна од храмот „Свети Кирил и Методиј“, а заврши со пречек од градоначалникот Марко Колев, кој ги даруваше децата.
Митрополитот повардарски г. Агатангел, претходно, ги даруваше собраните деца во црквата, а беа поделени и бадникови гранчиња. ад/вг/
Фото: Повардарска епархија