• Sunday, 05 January 2025

Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн

Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн

Бризбејн, 3 јануари 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес загуби од Американецот Рајли Опелка во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија.

Мечот траеше 1 час и 40 минути и заврши со победа на Опелка со 7:6 (8:6) и 6:3.

Турнирот се игра за награден фонд од 766.290 долари.

Следен противник на Опелка ќе биде Џовани Мпетши Перикард од Франција. зс/

Фото: ЕПА