Бокети стана третиот тренер кој ги загубил првите осум натпревари во Серија А
- Монца загуби втор натпревар по ред под водство на тренерот Салваторе Бокети.
Монца, 5 јануари 2025 (МИА) - Монца загуби втор натпревар по ред под водство на тренерот Салваторе Бокети.
„Бело-црвените“ денес на домашен терен загубија од Каљари во 19. коло од Италијанското фудбалско првенство (1:2). Претходно, тимот беше поразен на гостувањето кај Парма со истиот резултат.
Триесет и осумгодишниот Бокети го презеде водството на Монца на 23 декември. Тој е третиот тренер во историјата на Серија А кој го загубил секој од првите осум првенствени натпревари. Пред него, само Астро Гали во 1949 година и Аделио Моро во 1995 година започнаа со истиот индикатор.
Бокети беше и главен тренер на Верона во 2022 година. зс/
Фото: ЕПА