• Sunday, 05 January 2025

Четиригодишно дете од сообраќајката кај Рашче пренесено во Клинички центар Скопје

Четиригодишно дете од сообраќајката кај Рашче пренесено во Клинички центар Скопје

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) -  По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје. 

- Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот и пронаоѓање на патниците од автомобилот, за чиј број се уште нема официјални информации. Дел од медиумите објавија дека во автомобилот имало пет лица. 

На лице место е и јавен обвинител, како и екипи на Итната помош.

Несреќата била пријавена во СВР Скопје и како што соопшти МВР на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар. лв/цр/

Фото:МИА архива