Хуманитарното друштво „Дрита“ подели помош за 56 деца без родители во дебарскиот регион
- Хуманитарното друштво Дрита од Дебар, во рамки на својата хуманитарна мисија, во пресрет на Рамазан Бајрам, обезбеди помош за 56 деца без родител(и) од поширокиот дебарски регион.
Дебар, 19 март 2026 (МИА) – Хуманитарното друштво Дрита од Дебар, во рамки на својата хуманитарна мисија, во пресрет на Рамазан Бајрам, обезбеди помош за 56 деца без родител(и) од поширокиот дебарски регион.
- За 56 деца без родител(и) од поширокиот дебарски регион, дистрибуиравме финансиска помош од 5.600 долари, односно по 100 долари по дете, ваучери за храна во вкупен знос од 180.000 денари, за облека во износ од 228.000 денари, за обувки 112.000 денари, како и подароци во износ од 39.200 денари. Голема благодарност за хуманоста на нашите граѓани и фирми, рече за МИА, Нертил Османи, претседател на хуманитарното друштво „Дибра“.
Друштвото и во текот на Светиот месец Рамазан и по повод празникот Рамазан (Фитр) Бајрам израдува многу семејства, кои се во неповолна социо-економска состојба, но, како што вели Османи, она што „побудува посебно чувство на задоволство во нашите души е помошта што ја обезбедивме за децата без родител(и), за која радоста во детските очи беше наш поттик да продолжиме со нашата мисија“.

Во текот на месецот на постот друштвото распредели пакети со прехранбени артикли и средства за одржување на хигиената на многу семејства кои се во неповолна социо-економска состојба, со цел, како што додава овие семејства не се чувствуваат напуштени и сами.
Османи во име на друштвото упати честика по повод утрешниот голем празник Рамазан Бајрам, посакувајќи здравје, среќа, мир, благосостојба и продолжување на верската хармонија по која е препознатлив регионот. вт/дма/
Фото: Лого