Општина Чешиново - Облешево доби грант за обнова и пренамена на простории
- Градоначалникот на општина Чешиново - Облешево Јорданче Костадинов потпишал договор за грант со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, со којшто ќе се овозможи реновирање и опремување на неискористени општински простории.
Кочани, 19 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Чешиново - Облешево Јорданче Костадинов потпишал договор за грант со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, со којшто ќе се овозможи реновирање и опремување на неискористени општински простории.
Просториите ќе бидат пренаменети во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, а активностите ќе ги финансира Министерството за социјална политика, демографија и млади.
- Овие средствата ќе се искористат и за реконструкција со пренамена на старата амбуланта во Облешево, со што ќе се реши проблемот со обезбедување доволен капацитетите за згрижување во градинката „Ѕвездички“, информира општината. ис/лв/
фото: Општина Чешиново - Облешево