Формирана работна група за увид во состојбата на Спомен дом на Разловечкото востание
- Со цел достојно одбележување на 150-годишнината од Разловечкото востание (1876 – 2026), првиот востанички организиран отпор за слобода на македонскиот народ, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, формираше работна група која треба да направи увид во состојбите во објектот на Спомен-домот на Разловечкото востание во село Разловци, Општина Делчево, соопштија денеска од Министерството.
Делчево, 26 декември 2024 (МИА) - Со цел достојно одбележување на 150-годишнината од Разловечкото востание (1876 – 2026), првиот востанички организиран отпор за слобода на македонскиот народ, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, формираше работна група која треба да направи увид во состојбите во објектот на Спомен-домот на Разловечкото востание во село Разловци, Општина Делчево, соопштија денеска од Министерството.
Работната група, составена од претставници од Министерството за култура и туризам, од Музејот на С Македонија и од Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, како што додадоа оттаму во текот на вчерашниот ден направи првичен увид, а во следниот период треба да понуди предлог-концепт за обнова, ревитализација и реконципирање на поставката посветена на Разловечкото востание, како и за обнова на целиот објект на Спомен-домот кој е дел од Центарот за култура во Делчево.
Објектот „Спомен-дом на Разловечкото востание“ е изграден во 1981 година и е дело на истакнатиот македонски архитект Георги Константиновски. вс/сст/
Фото: Министерство за култура