• Saturday, 19 October 2024

Филмот „М“ на Вардан Тозија победник на „Гримфест“

Филмот „М“ на Вардан Тозија победник на „Гримфест“

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Филмот „М“ на Вардан Тозија освои уште една голема награда, прогласен е за апсолутен победник на Интернационалниот филмски фестивал „Гримфест“ во Манчестер. Македонскиот филм во продукција на „Фокус покус“, ја имаше својата британска премиера на шеснаесеттото издание на „Гримфест“, што се вбројува во најзначајните жанровски компетитивни фестивали во Велика Британија, соопштија попладнево од тимот на Тозија.

- Одржан од 3 до 6 октомври, главната селекција на годинешниот фестивал вклучуваше 21 долгометражен филм од сите делови на светот, во најголем дел светски или британски премиерни прикажувања. Со извонредна постава на хорор, научно-фантастични и фантастични филмови, фестивалот кулминираше со долгоочекуваното објавување на победниците на наградата „Grimm Reaper“, наградувајќи ги најдобрите во различни категории. Големиот добитник на наградата за најдобар филм беше „М“ на Вардан Тозија, филм што го воодушеви жирито со својот емотивен интензитет и длабоко тематско истражување. Жирито подвлече дека „М“ беше истакнат во речиси секоја категорија каде се натпреваруваше, што го прави јасен избор за годинешната главна награда, се наведува во соопштението до јавноста. бд/дма/

Фото: Тим на Тозија